More

    Мајка на три деца од Велика Британија, која имаше бразилско подигнување на задникот во Турција, трагично почина само неколку дена подоцна

    spot_img

    Мајка на три деца од Велика Британија, која имаше бразилско подигнување на задникот во Турција, трагично почина само неколку дена подоцна.

    Деми Агоља (26) од Салфорд се смета дека претрпела повеќе срцеви удари предизвикани од масна емболија дури и откако лекарите рекле дека нејзината естетска операција минатиот четврток била успешна.

    Агоља се пожалила на болки во градите само неколку часа пред да се врати во Манчестер, пренесува „Сан“.

     

    Според зборовите на нејзиното семејство, таа се вратила на преглед во клиниката во Истанбул, но доживеала срцев удар во такси на пат кон болницата, додека нејзиниот партнер Бредли Џонс очајнички се обидувал да и го спаси животот.

    Младата жена била пренесена на интензивна нега, но во понеделникот била прогласена за мртва.

    Нејзиниот неутешен брат Карл рекол дека семејството и нејзиниот партнер се обиделе да ја убедат да не оди на естетската операција – подигнување на задникот, бидејќи биле загрижени за нејзината безбедност.

    „Доколку некој размислува да оди во Турција на операција, би советувал да не го прави тоа! Ниту нејзиното момче не сакаше таа да го направи тоа“, рекол таткото на починатата девојка.

    „Ни рекоа дека нејзиното момче морало да и направи реанимација во такси возилото“, додал таткото на несреќната Деми.

    ФОТО: Икс

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img