Мајк Пенс беше десна рака на Трамп, а сам ги пријавил досиејата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доверливи документи се пронајдени во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, јавува Би-Би-Си. Според неговиот адвокат, Пенс побарал неговиот дом да биде прегледан откако беа пронајдени документи кај актуелниот претседател Џо Бајден. Пенс инаку беше потпретседател во времето на Доналд Трамп.

„Пенс побарал стручни луѓе за ракување со доверливи документи за да ги прегледаат документите во неговиот дом откако стана јавно дека документи со доверливи ознаки се пронајдени во резиденцијата на претседателот Џо Бајден во Вилмингтон“, се вели во писмото.

Адвокатот вели дека се работи за „мал број документи со доверливи ознаки кои беа ненамерно транспортирани во домот на Пенс на крајот на претседателствувањето на Доналд Трамп“.

Во меѓувреме, специјални советници ги разгледуваат документите најдени и кај Трамп и кај Бајден.

Во случајот со Бајден, нови шест документи беа пронајдени за време на последниот 13-часовен претрес на неговиот дом во Делавер. Неговите адвокати изјавија дека првата група досиеја биле пронајдени на 2 ноември, а втората на 20 декември во гаражата во домот.

Share This Article