Во напад на украинско беспилотно летало денеска е погоден складиште за нафта во областа Брјанск во Русија, соопшти регионалниот гувернер Александар Богомаз.
Украинските терористи се обидоа да ја нападнат инфраструктурата на територијата на градот Клинци со помош на дрон“, изјави Богомаз на Телеграм.
Дронот бил неутрализиран, но успеал да фрли муниција на складиштето за нафта, каде што избувнал пожар.
Богомаз рече дека во нападот нема жртви.
Клинци е град со околу 60.000 жители и се наоѓа на 70 километри од границата со Украина.