Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ изјави дека Реал, Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче ќе се пласираат во финалето на Евролигата.
На својот профил на социјалната мрежа Икс (Х), Евролигата објави интервју со Дончиќ, кој предвиде кој ќе игра на Ф4, најдоброто европско клупско натпреварување.
Дончиќ изјави дека во Ф4 Евролигата ќе играат Реал, Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче. На прашањето дали мисли дека Реал ќе успее да ја одбрани титулата европски шампион, тој одговори:
“Секако”.
До крајот на регуларниот дел од Евролигата ќе се одиграат уште три кола. Ф4 Евролигата ќе се одржи од 24 до 26 мај во Берлин.