More

    Луѓето се помалку поднесуваат оставки. Еве зошто не е добро

    spot_img

    Бирото за статистика на трудот на САД во вторникот објави податоци кои покажуваат дека само 3,4 милиони луѓе дале отказ во декември, што е најмал број измерен од пандемискиот тренд на масовни заминувања на работници познат како „Големата оставка“.

    Бројките значат дека стапката на оставки паднала за 12% помеѓу 2022 година и минатата година, пишува Business Insider.

    Некои економисти сметаат дека оваа појава укажува дека довербата во пазарот на трудот опаѓа.

    „Падот на отпуштањата на најниско ниво во последните четири години покажува дека работниците, во услови на побавно вработување, се помалку сигурни за замена на нивните работни места“, рече финансискиот експерт Хозе Торес.

    Друг експерт, Иан Шефердсон, тврди дека податоците може да бидат и лоша вест за секој што бара зголемување на платата.

    „Кога луѓето не се подготвени да се откажат, тие губат дел од преговарачката моќ што би можеле да ја искористат за да побараат повисоки плати“, објасни тој.

    Бројот на отворени работни места падна од врвот од повеќе од 12 милиони во март 2022 година на 9 милиони минатиот месец, додека бројот на луѓе кои бараат работа се зголеми по пандемијата.

    „Ова создава поконкурентен пазар на труд каде што вработените имаат помало влијание“, се согласуваат експертите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img