Видеото, кое до четвртокот имаше речиси 1 милион прегледи, а трае само четири секунди предизвика лавина коментари на социјалните мрежи околу тоа дали на снимката се појавува рускиот претседател или негов двојник, пишува „Њузвик“.
Не е јасно кога е снимено видеото ниту дали печатот на Кремљ кој се гледа во горниот десен агол е автентичен.
Тоа што е интересно е дека десниот образ на Путин бил многу затегнат и „бебешки мазен“. Поради ова многу луѓе коментираат дека всушност се работи за неговиот двојник.
„Двојник со импланти во образите“, напишал некој корисник на социјалнaта мрежа „Икс“, пренесува британски „Експрес“.
Со него се согласиле и други луѓе кои напишале дека не станува збор за двојник туку дека претседателот на Русија бил на третмани на затегнување на лицето.
Одамна се шпекулира дека Путин има двојник кој од безбедносни причини оди на посети и на одредени состаноци, а овој пат појавата на неговите образи уште повеќе ги подгреа сомнежите.
„Путин добил инекција за малку да му ги наполнат образите“,
„Јасно е дека ова е актер“,
„Ова лице не е лицето на вистинскиот Путин“,
„Би сакал да знам како изгледа без сите корекциите“, се само дел од коментарите на луѓето на интернет…