More

    Луѓето додаваат сол во своето кафе од прилично необична причина

    spot_img

    Повеќето луѓе, доколку сакаат да додадат нешто во кафето, најчесто избираат шеќер и млеко, но и разни сирупи.

    Трендот кој кружи на социјалните мрежи сугерира да додадете прстофат сол наместо лажичка шеќер во шолја кафе. Се чини дека овој трик ја отстранува горчината и открива други вкусови кои инаку би можеле да се „изгубат“.

    Ако идејата ви звучи чудно, бидете сигурни дека не е толку чудна како што мислите. Постои дури и научна основа за оваа необична комбинација, добро позната со децении: натриум хлоридот е исклучително ефикасен во потиснување на горчината во кафето и сите видови храна, пишува Independent.

    Способноста на натриум хлоридот, обичната кујнска сол, да ја потиснува горчината, научниците ја припишуваат на популарноста на солта како состојка за готвење низ историјата на човештвото.

    Со отстранување на перцепцијата за горчина, солта дозволува други вкусови, како што е сладоста, да дојдат до израз и вистински да блеснат.

    Истражувањето објавено во 1995 година покажа дека солта е ефикасна во маскирањето на горчината. Кога научниците измешале слатки и горчливи соединенија, додавањето сол го направила смесата посладок и помалку горчлив вкус. Но, потиснувањето не одеше во двата правци, горчливите соединенија не го потиснаа вкусот на солта.

    Вообичаено е, на пример, да се посолува модар патлиџан за да се намали неговата горчина. Солењето е исто така популарна техника за намалување на горчината на бриселското зелје.

    Како што објави N1 Србија, солта обично се додава во кафето на различни места низ светот за да се подобри неговиот вкус. Ова е случај и во Виетнам, каде што соленото кафе се збогатува со кондензирано млеко.

    Дури и членовите на американската морнарица пиеле кафе со сол за време и по Втората светска војна и откриле дека токму солта помогнала да се отстрани горчината.

    Значи, ако не ви се допаѓа вашето кафе со шеќер или млеко, можеби ќе сакате да пробате едно со малку сол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img