По разводот со пејачката Драгана Мирковиќ, тајкунот Тони Бијелиќ ужива во Сараево, во друштво на пејачот Јашар Ахмедовски. Тој објави фотографија со пејачката, а посебно внимание привлече песната која ја вклучи во објавата.
Станува збор за песната на Јашар Ахмедовски „Не викај ме, не сум веќе твоја“, која ја сними со колешката Снежана Ѓуришиќ.
Многумина се прашуваат дали Тони се најде во текстот на оваа песна и дали ѝ ја посвети на својата поранешна сопруга Драгана. Тоа посебно се однесува на стиховите:
„Не зови ме нисам више тој, промашај са тобом је живот мој“.
Тони и Драгана се разведоа по 24 години брак. Се чини дека причина за разводот е згодна млада старлета, чиј лик тајкунот го објави покрај еден „мерцедес“, за кој многумина шпекулираа дека е негов подарок за старлетата.
Со упорност и со скапи подароци пред 24 години Тони Бијелиќ ја освоил и тогаш супер популарната Драгана Мирковиќ.