More

    Џенифер Лопез пристигна во Париз без Бен Афлек

    spot_img

    Најпрво беше во Италија, а потоа отпатува за Париз, каде што присуствуваше на ревијата на модната куќа „Диор“ на која е прикажана колекцијата висока мода за есен/зима 2025. Џенифер Лопез и овојпат е без сопругот Бен Афлек, кој е во Калифорнија. Нејзиното модно издание е нејзиниот најгламурозен стајлинг досега среде гласините за нејзиниот развод од актерот.

    Сите погледи секогаш се вперени во неа, а тоа беше особено така во последните недели кога се шират гласини дека нејзиниот брак со Бен Афлек завршил.

     

    Џенифер Лопез на престижната модна ревија пристигнала во прекрасен фустан, со гламурозен дизајн и навестување на ретро мода која ја става женственоста во преден план. Фустанот го комбинирала со црни ракавици и сандали на платформа со есктремно високи потпетици.

    Гламурозните кожени ракавици не дозволиле да се види дали Џеј Ло носи бурма или не, иако таа најчесто го вади прстенот и го враќа на нејзината рака, а истото го прави и Афлек.

     

    Џеј Ло се смеела, како неодамна во Италија, знаејќи дека нејзиното расположение ќе биде под будното око на јавноста и папараците.

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img