More

    Ќерка на австралиски милијардер настрада во масакрот во трговскиот центар во Сиднеј

    spot_img

    Ќерката на австралиски милијардер е меѓу жртвите на напаѓачот кој со ловечки нож влета и направи масакр во трговски центар на истокот на Сиднеј!

    Дони Синглтон (25) минатата недела купила венчаница, пишуваат локалните медиуми, а наскоро требало да се омажи за млад човек со кој е во врска од средно училиште. Девојката веќе почнала да испраќа покани до најблиските и пријателите, но трагично го завршила животот кога полудениот Џоел Кочи (40) ја избодел во трговскиот центар Бонди.

    Ешли Вајлди, свршеникот на убиената девојка, кој е полицаец, по страшна игра на судбината, дошол во трговскиот центар да им помогне на своите колеги кои први реагирале по масакрот.

     

    – Тој пристигна во Вестфилд во моментот кога полицијата сфати дека неговата вереница е една од жртвите – изјавил изворот за Дејли Телеграф.

    Дони е една од трите ќерки на австралискиот претприемач Џон Синглтон. Работела во австралиската модна куќа White Fox Boutique како асистент во компанија за е-трговија.

     

    – Дон беше слатка и љубезна личност која го имаше целиот живот пред себе. Таа беше навистина неверојатна. Сите сме уништени од оваа загуба. Нашето сочувство до нејзиниот партнер и семејството Синглтон. Таа засекогаш ќе остане запаметена како дел од нашето семејство – соопштија од компанијата.

    Според локалните медиуми, Кочи ја нападнал Ешли Гуд (38) и нејзиното деветмесечно бебе пред да ја убие Дони Синглтон. Гуд почина во болница додека нејзината ќерка е во тешка, но стабилна состојба, откако беше подложена на итна операција во текот на ноќта. Третата жртва на нападот е мајка на две деца Џејд Јанг.

    По нападот полицијата соопшти дека пет од шестте жртви се жени на кои целел напаѓачот. Шестата жртва е припадник на обезбедувањето. За време на нападот беа повредени уште осум жени и двајца мажи. Според последните информации, дел од нив се во тешка состојба.

    Кочи околу 15 часот и 20 минути упаднал во трговскиот центар мавтајќи со голем ловечки нож, по што бркал посетители. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека преплашените купувачи трчаат да избегаат или се засолнуваат во продавниците додека се огласува сирената за евакуација.

    Инспекторката Ејми Скот која патролирала во близина, прва пристигнала во трговскиот центар, по што го застрелала напаѓачот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img