Љубоммир Јовески извиси и за уставен судија,СДСМ го повлече предлогот!!!

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

СДСМ го повлече предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд, па со тоа беше исцрпен дневниот ред и заврши расправата на 13. седница на Комисијата за избор и именувања во Собранието.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.

Повлекувањето на кандидатурата на Јовески ја коментираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, опишувајќи го како „главен политички егзекутор, слеп послушник и заштитник на криминалот на власта во изминатите 6 години“.

„Тој си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство, па сега СДСМ глумејќи одговорна партија се откажа од Јовески. Љубомир Јовески повеќе не е им е потребен бидејќи здачата за која што беше поставен си ја исполни, а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј непокренати обвиненија, скриени предмети, смешни и бизарни пресуди, ослободување на криминалци и уште многу партиски нарачани одлуки и пресуди. СДСМ веќе нема никаква корист од Љубомир Јовески и исто као и со Катица Јанева и Вилма Русковска се одрекуваа од овој човек за повторно да си ги заштитат партиските интереси“, рече Стојаноска.

Како што додаде, доаѓа време на ревизии, на преиспитување на многу одлуки и решенија. „Одговорност ќе има и за оние што правеле криминали, но и за оние кои што требаше да ги спречат истите, а ги штитеа“ – пишува Стојаноски.

Share This Article