More

    Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија

    spot_img

    Песната „Tattoo“ на Лорин го доби гласот на меѓународното жири, но и гласот на јавноста. Лорин го освои првото место со 177 поени наспроти 138-те поени на второпласираниот.

    По шест недели натпреварување конечно е познат победникот на Мелодифестивален. Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија.

     

    Таа победи со песната „Tattoo“ (Тетоважа) и ќе се обиде по вторпат да победи на Евровизија, која годинава ќе се одржи во Ливерпул, Британија.

    Од почетокот на натпреварувањето се претпоставуваше дека Лорин ќе победи, а Шведска знаејќи дека се натпреварува на Мелодифестивален е меѓу фаворитите на евровизиските обложувалници.

    Евровизиските фанови, во најмала рака, полудеа по Лорин. Нејзината песна веќе некое време се наоѓа на топ листите во Велика Британија и Ирска, а Твитер со недели врие од објави за неа.

    Лорин на пошироката јавност и е позната по песната „Euphorie“ со која победи на Евровизија 2012 година во Баку. Освен „Euphorie“, Лорин има и бројни други хитови како „Walk with Me“, „Neon lights“, „Sober“, „In My Head“ и „I’m in It with You“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img