Лога: ВМРО-ДПМНЕ ги имаше нацрт-верзиите на сите закони пред да бидат доставени до Влада

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уште од моето доаѓање како министер за правда вратите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со Христијан Мицкоски беа отворени. Тоа се докажува со факти, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше и ги има нацрт-верзиите на сите закони, пред да бидат доставени до Влада, соопшти денеска министерот за правда Кренар Лога, како реакција на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за „Фокус“.

Според Лога, невистината не му прави чест на Мицкоски, а немањето политичка аргументација и соодветна визија за политички лидер го тера да зборува „на празно“.

– Со овој факт Мицкоски е дотеран до ѕид, и изгледа лошо пред јавноста, бидејќи цело време е во мат позиција, како за Законот за амнестија така и за другите Закони. Лидер кој ја блокира перспективата на својот народ и својата земја, лидер без политичка надеж, без меѓународни пријатели, лидер кој не се оградил од политичкото наследство на Груевски не е алтернатива за иднината на европска Македонија – посочува Лога.

Мицкоски во интервјуто за „Фокус“ го обвини министерот за правда дека е во комуникација со нарко-кланови, на кои, според него, им ветувал дека со Законот за амнестија ќе им ги скрати затворските казни.

Share This Article