Лионел Меси постигна уште еден маестрален гол и го однесе Интер Мајами во финалето на Лига Купот. Иако на вчерашниот тренинг се пожали на повреда на скочниот зглоб, Аргентинецот сепак, беше предводник на својот тим во победата против Филаделфија со 4-1 што на Интер Мајами му обезбедува финале.
Интер Мајами поведе во третата минута со голот на Мартинез. а на средина од првиот дел Меси со удар од 25 метри го совлада голманот Блејк и зголеми на 2-0. Атрактивниот гол на капитенот беше најава за големиот триумф на тимот од Мајами.
Жорди Алба со првиот погодок за својот нов тим го зголеми водството на 3-0 и практично, ја запечати победата.
Во вториот дел двете екипи постигнаа по еден гол, Руиз за Интер Мајами и Бедоја за Филаделфија.
Интер Мајами во финалето ќе игра за титула со победникот од дуелот меѓу Монтереј и Нешвил.