Во Галерија „КО-РА” – нов салон, синоќа е отворена изложбата на група уметници насловена VORTEX 2. Како што соопштуваат од галеријата, на изложбата која станува традиционална, се поместуваат границите на нашата перцепција за светот и соодносите со другите можни култури и цивилизации кои опстојуваат надвор од нашите сознанија и можности за перцепција.
На отворањето на изложбата се обрати Александар Ацо Таневски кој е куратор и иницаијатор на овој мултимедијален проект и специјалниот гостин посветен континуирано на оваа провокативна тематика, Владимир Каевски кој е автор и на музичката илустрација подготвена по овој повод. Воведен збор одржа и Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуњелни уметности, дизајн и архитектура.
Поставката содржи дела работени во повеќе техники, вклучувајќи и дигитални медиуми, видео проекција на видео остврувањето на Рамиз Шкријељ. Помеѓу учесниците се и Стефан Илијевиќ, Стефан Хаџи Николов, Милан Андов, Глигор Васков, Ацо Таневски, Златко Бојковски, Игор Љубовчевски, Гоце Илијевски, Душан Шешиќ, Кристијан Новковски, Столе Дурланов, Зоран Филиповски, Сузана Михајловска, Нела Јанковска, Дејвид Стоилковски и Дарко Трајковски.