More

    Лиферувани снимки од сослушување на уапсените за масакрот во Крокус, Москва

    spot_img

    Руските медиуми објавија видео снимки од испрашувањето на еден од приведените под сомнение дека учествувал во терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус во околината на Москва, во кој се убиени најмалку 11 луѓе.

    Видеото објавено на мрежата Телеграм трае две и пол минути; на снимката, човекот се претставува, го дава својот датум на раѓање и тврди дека добил инструкции преку Телеграм, каде што „ја слушал лекцијата на проповедникот“, а помошникот на проповедникот го контактирал пред околу еден месец.

    За нападот човекот вели дека му биле ветени околу 500 илјади рубли (5.000 евра), кои требало да му бидат префрлени на картичката, вели тој во видеото, во кое тврди дека е таксист.

    Според руските портали, за терористичкиот напад се осомничени државјани на Таџикистан. Тие објавија податоци за четири лица, меѓу кои Исмолов, Насридинов и Назаров.

    Шефот на Советот за информатичка политика на Државната дума Александар Хинштајн изјави дека двајца осомничени се приведени во областа Брјанск, а во автомобилот што го возеле биле пронајдени таџикистански пасоши. ФСБ и Истражниот комитет подоцна објавија и за приведување на четворица можни учесници во терористичкиот напад. Одделот не го прецизира државјанството на приведените.

    Министерството за надворешни работи на Таџикистан соопшти дека не добило потврда од руските власти за „лажните информации кои моментално кружат за вмешаност на таџикистански граѓани“.

    Ројтерс и Њујорк Тајмс напишаа дека терористичката организација Исламска држава, забранета во Русија, ја презеде одговорноста за нападот врз Крокус, кој се случи во петокот вечерта. Според нив, станува збор за огранок на групата Вилајат Корасан или ИСИС-К, исто така прогласена за терористичка организација и забранета.

    Многу земји, вклучително и Таџикистан, го осудија нападот и испратија сочувство до Русија.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img