Лидерите на ЕУ најавија помош за Мароко

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерите на институциите на ЕУ денеска изразија сочувство до блиските на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Мароко и најавија дека Унијата е подготвена да и помогне на оваа африканска држава за справување со последиците од потресот, во кој според последните податоци загинале најмалку 632 лица.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на платформата Х напиша дека нејзините мисли се со семејствата на жртвите од земјотресот.

– Со сето мое срце за мароканскиот народ по страшниот земјотрес, кој синоќа однесе стотици животи – наведе Фон дер Лајен во објавата.

Таа додаде дека им посакува брзо заздравување на повредените и им оддаде признание на спасувачките тимови, кои ги опиша како „првите што реагираа и вршат восхитувачка работа“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел објави дека Унијата е подготвена да му обезбеди на Мароко секаква помош што му е потребна.
– Моите мисли се со мароканскиот народ, погоден од страшен земјотрес кој ја потресе земјата во текот на ноќта, предизвикувајќи стотици жртви – наведе Борел, исто така, во објава на Х.

Претходно и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел најави дека ЕУ е подготвена да му помогне на Мароко.

– Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија и со спасувачите вклучени во операцијата за пребарување. Вестите за земјотресот се застрашувачки. ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки времиња – напиша Мишел на Х.

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди минатата ноќ централниот дел на Мароко, при што според последните податоци загинале најмалку 632 лица, а околу 330 се повредени.

Земјотресот, што се случил 11 минути по полноќ по средноевропско време, бил на длабочина 18,5 километри под површината на Земјата, со епицентар на планината Висок Атлас во провинцијата Ал Хоуз, на 71 километар југозападно од градот Маракеш. Деветнаесет минути по овој, во истиот регион бил регистриран и потрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер.

- Advertisement -
Ad image

Потресите предизвикале материјална штета и паника во Маракеш и уште неколку околни градови.

Share This Article