More

    Извадок на дел од дневните настани 23.02.2022

    spot_img
    На 22.02.2022 во 21.40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 21.15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“ со употреба на сила кон вработената се обидел да одземе пари од дневниот промет.  Ф.М. бил приведен во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

    На 22.02.2022 околу 20.30 часот на ул.„Браќа Капчеви“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица Велес го лишиле од слобода Д.Ј.(28) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветeн поднесок.

    На 23.02.2022 околу 00.20 часот во централното подрачје на Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 18-годишниот тетовец В.Л., кој не поседувал документи за идентификација и кај кого бил пронајден метален боксирач. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

    На 22.02.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 3 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во времето од 16.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци сторени од страна на возачите за недавање првенство на минување на пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 9 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 1 за непрописно престигнување, 4 за некористење сигурносен појас, 6 за користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање.

    На 22.02.2022 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци. Притоа, биле констатирани 10 прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

    На 22.02.2022 во периодот од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат предност на минување на пешаци на пешачки премин. Притоа, биле констатирани и санкционирани 6 прекршоци (Велес 5 и Кавадарци 1).

    На 22.02.2022 во 18.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Васко Карaнгелевски“, ул.„13-ти Јули“ и ул.„Младински бригади“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(60) од Битола и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од второто возило, Б.Б.(23) од Битола констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

    На 22.02.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.Д.(38) од Скопје пријавил дека на крстосница од бул.„Србија“ со бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img