Лидерите на Европската унија во петокот наутро завршија уште една дебата за одговорот на блокот на енергетската криза без договор за ограничување на цените на гасот, објави Ројтерс.
Ројтерс наведува дека ЕУ се бори со високите цени на енергијата кои ја поттикнуваат инфлацијата и ја зголемуваат можноста за рецесија на целиот континент, а ситуацијата дополнително се влошува со фактот што Русија го намали протокот на гас по инвазијата на Украина.
Меѓу другото, 27 земји веќе се согласија да ги наполнат складиштата за гас, но и да им помогнат на потрошувачите на кои им е се потешко да ги платат сметките.
На самитот што започна во четвртокот во Брисел и траеше доцна во ноќта, лидерите на ЕУ ги поддржаа предлозите изнесени од Европската комисија оваа недела за започнување алтернативен репер за течен природен гас и доброволно заедничко купување гас. иако тоа ќе бара законодавство да да се преговара во наредните недели.
Сепак, по неколкунеделни преговори меѓу лидерите на земјите од ЕУ, министрите и дипломатите на оваа тема, не беше донесена конечна одлука за ограничување на цената на гасот во ЕУ.
„Сега имаме многу добар и солиден план да продолжиме да работиме на прашањето за цените на енергијата“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.