More

    ЛИЧНИТЕ РАБОТИ НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР СТАВЕНИ НА АУКЦИЈА

    spot_img

    Откако Михаел Шумахер (55) имаше тешка несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, поради која подолго време беше во кома долго време и остана неподвижен, во јавноста најмногу се шират информации поврзани со неговата здравствена состојба.
    Сепак, сега доаѓа вест која сигурно ќе го привлече вниманието на многу негови обожаватели, а пред сè страсни колекционери.

    Лични предмети на седумкратниот светски шампион во Формула 1 ќе се продаваат на аукција. Највредни се осумте часовници од личната едиција на Михаел Шумахер ќе бидат ставени на аукција од една позната аукциска куќа во Швајцарија, а се проценува дека сите заедно вредат околу 4 милиони долари.

    Не е целосно јасно каква е состојбата на Михаел Шумахер по несреќата.
    Семејството, пред се, неговата сопруга Корина не дозволи во јавноста да протечат никакви информации за неговата состојба и побара да се почитува нивната приватност. Сепак, блиските пријатели на Шумахер од време на време откриваат дека тој не може да оди или да зборува, и дека во септември 2019 година бил во болница на лекување кај кардиоваскуларен хирург.

    Семејството Шумахер потроши милиони на долготрајното лекување и на специјалната нега. Корина Шумахер веќе продаде дел од семејниот имот за да ги покрие трошоците, а за таа намена сигурно ќе бидат искористени и средствата од аукциската продажба на личните предмети на седумкратниот светски шампион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img