More

    Летаат ракети, се слушаат вресоци, има и загинати

    spot_img

    Русија утрово изврши нов ракетен напад врз Киев и други украински градови, денеска соопшти украинското воздухопловство. Едно лице загинало на југот на земјата, а во главниот град се активирани системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Гардијан“.

    Киевските медиуми пренесуваат дека се слушнале две силни експлозии во центарот на Киев во околу 7 часот, а уште најмалку 2 експлозии, 45 минути подоцна. Еден од новинарите слушнал дека противвоздушната одбрана истрелала неколку проектили и бил сведок на една од експлозиите.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм ги повика жителите на главниот град да останат во засолништата и ги информирал дека се слушнале експлозии. Потоа во областа Днипро биле ангажирани и медицински екипи.

    „Загинало и едно лице во ракетен напад врз јужниот град Миколаев, а десетици се повредени. Оштетени се најмалку 20 станбени згради. Има оштетени станбени згради. Дваесет се без покриви. Комуналните претпријатија веќе ги санираат оштетувањата на мрежите за гас и водовод. Има повредени, а едно лице е хоспитализирано. На другите им е укажана помош на лице место“, напиша градоначалникот на градот Олександр Синкивич на Телеграм и додаде дека хоспитализираниот маж подоцна починал.

    Олех Синехубов, гувернер на Харковската област во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле административен центар во градот Харков.

    Цела Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад од околу 6 часот наутро, а украинските воздухопловни сили на Телеграм предупредија за закана од руски ракетен напад. Експлозии и потреси се забележани и во областа околу градот Лавов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img