More

    Лепа Брена порано живеела во тешки услови, а денес ужива во луксузната вила

    spot_img

    Лепа Брена е една од најпопуларните пејачки во регионот, а години наназад важи за една од најбогатите жени на овие простори.

    Иако денес ужива во луксуз, Лепа Брена пораснала во скромен стан со родителите, сестрата Факрета и братот Фарук.

    – Уживав во магијата на нормалниот, обичен, секојдневен живот. Малку готвев, ја исчистив куќата, ги подарив сите работи што не ми требаат. Ова денес се вика фенг шуи, а јас пораснав во семејство каде што мајка ми не знаеше што е тоа, но ние секоја година варосувавме, подготвувавме зимница – открила Брена во една прилика, пренесува „Стори“.

    – Пораснав со моите родители, сестра и брат, во стан во Брчко. Кога помислувам на периодот на растењето, се сеќавам на прекрасните утра и на прекрасниот мирис што доаѓаше од кујната додека мајка ми подготвуваше појадок. Потоа ќе седнеше на машината, ќе почнеше да шие и ќе пееше севдалинки – рекла тогаш Брена.

    Брена на својот инстаграм-профил има само една фотографија направена пред нејзиниот дом во Брчко, со нејзиниот татко Абид.

     

    Денес Лепа Брена живее во луксуз, нејзиниот дом е наместен со скап мебел. Вилата има неколку спални соби и неколку дневни соби, а во неа живее со сопругот Слободан Бобо Живојиновиќ со децении.

    На имотот, покрај големата куќа, има и неколку помали, помошни згради, од кои едната е за слуги. Исто така, има базен и турска бања.

    Куќата на Лепа Брена во Мајами, каде што секоја година престојува во текот на одморот, не е ништо помалку луксузна од вилата во Белград. Сепак, пејачката никогаш не криела дека не била опкружена со луксуз секогаш и дека на почетокот на кариерата живеела во тешки услови.

    ФОТО: Принтскрин/Гранд

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img