Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри новиот лек против хемофилија „Хемгеникс”.
Производителот „ЦЛС Бехринг” (CLS Behring) одреди цена од 3,5 милиони долари по третман, со што овој лек е најскап во светот.
„Хемгеникс” е генетска терапија која се користи за лекување на возрасни со хемофилија Б, генетско нарушување на коагулацијата што се манифестира со зголемен волумен на крварење или спонтано крварење.
Од хемофилија заболува едно лице од 40.000 луѓе, а болеста почесто е регистрирана кај мажите.
Класичниот третман вклучува рутинска интравенозна инфузија за одржување на доволно нивоа на исчезнатиот фактор на коагулација, но новата терапија се претставува како еднократна интравенозна инфузија.
Досега во САД најскап лек беше „Золгенсма”, одобрен од ФДА во 2019 година за третман на спинална мускулна атрофија и чини 2,1 милиони долари по третман.