More

    Легендарната кантри пејачка Доли Партон покажа дека има големо срце со тоа што му исполни желба на обожавателот ЛеГранд Голд

    spot_img

    Легендарната кантри пејачка Доли Партон покажа дека има големо срце со тоа што му исполни желба на обожавателот ЛеГранд Голд.

    Како што наведува „Ју-ес-еј тудеј“, тој боледува од рак на дебелото црево, а лекарите му рекле дека терапиите повеќе не делуваат.

    Затоа направил листа на работи што сакал да ги направи пред да умре, а меѓу нив била и желбата да се запознае со легендата на кантри музиката. И таа желба му се оствари.

    Доли Партон му се јавила преку видеоповик, а неговата сопруга ѝ кажала дека ЛеГранд го сака прекарот Л. Г., па популарната музичарка му се обратиле со тој прекар.

    – Здраво Ел Џи. Ова е Доли Пи.! Како си? Слушнав дека си мој голем обожавател со години, сакав само да ти се заблагодарам за тоа. Многу сум среќна што заедно ќе патуваме дел од нашето животно патување. Отсекогаш сакав да ги усреќам луѓето со мојата музика и работите што ги кажувам и многу сум среќна што на некој начин го допрев твојот живот. Ти благодарам што ми даде таква чест“, му рекла таа на почетокот.

    „И мене ми е чест. Многу ми помогна, особено во последните неколку години“, ѝ одговорил ЛеГранд, а на крајот Доли запеала.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img