More

    Лавров: Западот ќе ги измами Србите исто како што нѐ измами нас

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го спореди пристапот на западните земји кон проблемот на Србите во Косово со Договорот од Минск за Украина, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

    – Истата приказна од страна на Западот. Измамата на Србите во однос на заедницата на српските општини на Косово, е слична со измамата на Русија во однос на договорите од Минск – рече Лавров во Њу Делхи, каде во моментов учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Г20.

    Лавров смета дека западните земји немаат намера да ги спроведуваат договорите поврзани со Србите на Косово, исто како што не биле подготвени да ги исполнат барањата од Договорот од Минск. Тој додаде дека потписниците на договорите од Минск искрено признале дека овие договори се неопходни за да се подготват за војна против Русија.

    За потсетување, ревидираната верзија на Договорот од Минск беше потпишана во февруари 2015 година во главниот град на Белорусија.

    Реткиот состанок на руските, украинските, германските и француските лидери имаше за цел воспоставување мир во областите на Украина кои беа заземени од проруските сепаратисти една година претходно. Сепак, Договорот од Минск никогаш не беше целосно имплементиран во пракса, а неговите клучни прашања сè уште не се решени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img