More

    Лавров вели дека ОН треба да ја признае новата влада во Авганистан

    spot_img

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека светот мора поблиску да соработува со талибанската влада во Авганистан, поздравувајќи ги чекорите кон нејзиното признавање од страна на Обединетите нации, пишува РТ.

    Лавров имаше средба со вршителот на должноста министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, во Тункси, Кина.

    – Убедени сме дека меѓународната заедница мора активно да соработува со новата влада на Авганистан, охрабрувајќи ги чекорите кон нејзиното официјално признавање од страна на ОН и сите нејзини земји-членки – рече Лавров.

    – И покрај тоа што немаат доволно искуство во управувањето, имаат финансиски и економски ограничувања, политички и дипломатски притисок од САД и нивните сојузници, новата администрација на Авганистан генерално успева да ја одржи државата во живот – додаде тој.

    Меѓу другото, Лавров рече дека недостатокот на различност е „главната пречка“ на патот на признавањето на талибанската влада ширум светот.

    – Зборувам за отсуство на луѓе на официјални позиции, кои не само што претставуваат различни етнички групи, туку и… верски малцинства и (различни) политички сили.

    Лавров додаде дека првиот дипломат испратен од талибанците во Москва веќе добил акредитација.

    Талибанците се вратија на власт во Авганистан откако го зазедоа Кабул минатата година. Тие претходно владееја со земјата меѓу 1996 и 2001 година, а потоа беа соборени западните сили предводени од САД.

    Обединетите Нации, досега, не одобруваа талибанците да изберат нов пратеник во оваа организација. Сепак, ОН месецов одлучија да отворат своја канцеларија во Авганистан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img