More

    Лани компаниите исплатиле штета во износ од 3,4 милиони евра

    spot_img

    Граѓани, фирми, здруженија и државни институции наплатија 66,2 милиони евра од осигурителните компании за настаните штети покриени со неживотно осигурување во 2021 година. Вкупниот износ на исплатени штети (бруто исплатени штети) минатата година е повисок за 8,2 милиони евра во споредба со 2020 година. Лани се исплатени речиси 80.000 пријавени штети, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување.

    За пријавени штети врз осигуран имот осигуреници лани наплатиле 13 отсто повеќе од 2020 година. Сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување за штети врз осигуран имот лани исплатиле 11,5 милиони  евра. Друштвата за осигурување лани исплатиле речиси 9.000 оштетни побарувања на своите осигуреници. За осигуран имот на физички лица се исплатени над 5 милиони евра, а на правни лица 6,4 милиони евра.

    Кај најбрзорастечката класа – приватно здравствено осигурување, исплатата на штети го следи растот на продажба на осигурителни полиси. За минатата година 9 осигурителни компании исплатиле 3,4 милиони евра. Тоа е двојно повеќе од износот на штети што го исплатиле во претходната 2020 година во која поради здравствената пандемија и почна да расте популарноста на оваа доброволна осигурителна класа.

    Кај осигурувањето од незгода ( најмасовна класа на доброволно осигурување кое покрива речиси 700.000 осигуреници) лани се исплатени штети во вкупна вредност од  7 милиони евра.  А тоа е за 8 отсто повеќе од претходната година.

    За штети врз каско осигурани возила осигуреници наплатиле 8,2 милиони евра или 4 отсто повеќе од 2020 година.

    Од помалку застапените класи на доброволно неживотно осигурување импозантни растови на исплатени штети бележат три осигурителни класи.

    Исплатените штети за карго осигурување се зголемени за 7 пати во однос на 2020 година, а речиси е удвоен износот на исплати за осигурани штети од финансиски загуби. Кај осигурувањето кредити се исплатени 61.000 евра додека во 2020 година немало исплати.

    Патничкото осигурување е единствената класа во која лани износот на вкупно исплатени штети е понизок во однос на 2020 година. Сите 11 осигурителни друштва исплатиле 650.000 евра што е за 15 отсто помалку од 2020 година.

    Во најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност 11 компании лани исплатиле 34,2 милиони евра за речиси 30.000 пријавени штети. Износот на исплатени штети лани е за 12 отсто повисок од претходната година.

    Во вкупниот износ на исплатени штети лани АДОР „Македонија“и „Еуролинк“ учествуваат со по 6 милиони евра, „Триглав“ со 9,2 милиони евра, „Сава“ – 7,5 милиони евра, „Евроинс“- 6,4 милиони евра), а „Винер“ – 5,5 милиони евра. „Граве Неживот“ лани исплатила 2,3 милиони евра, „Уника“ –  6,6 милиони евра, „Осигурителна полиса“ – 4,2 милиониевра, „Халк Осигурување“ – 8,3 милиони евра,  а „Кроација Осигурување – неживот“  4,1 милион евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img