Квон доби четири месеци затворска казна во Црна Гора

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основниот суд во Подгорица денеска ги осуди јужнокорејските бегалци До Квон (32) и Чанг Јун Хон (37) на четири месеци затвор и ги прогласи за виновни за користење лажни костарикански пасоши.

Судот утврди дека До Квон и неговиот соработник на 23 март користеле лажни пасоши на Костарика за време на пасошката контрола на аеродромот во Подгорица, на летот за Дубаи и дека поседувале фалсификувани документи, пасоши и лични карти од Белгија кои биле на туѓи имиња.

Судот утврди дека тие свесно користеле лажни документи, иако До Квон за време на судењето рече дека не биле свесни дека документите од Костарика и Белгија, кои ги имале со себе во моментот на апсењето, биле фалсификувани и дека ги добиле преку агенција во Сингапур, чие име не можеше да го наведе.

„Пасошите ги набавив преку агенција од Сингапур која издава пасоши и државјанства… Ова не е непозната практика во другите земји во светот, а немав причина да се сомневам во издадените документи. И во Црна Гора постои институт за економско државјанство. Вакви агенции постојат во Гренада, Португалија, Дубаи“, рече До Квон минатата недела на крајот од судењето за фалсификуваните пасоши.

Во рамките на втората постапка, врз основа на барањето за екстрадиција на Јужна Кореја, поради измама вредна неколку десетици милијарди долари на пазарот на криптовалути, Вишиот суд во Подгорица на 15 јуни одреди екстрадициски притвор во траење од шест месеци.

Поранешниот „крал на криптовалутите“ и неговиот соработник беа уапсени на 23 март на аеродромот во Подгорица по потерница што корејските власти по нив ја распишаа на 22 септември минатата година под обвинение за измама вредна 40 милијарди.

При обидот да ја напуштат Црна Гора, со приватен лет за Дубаи, користеле костарикански пасоши, а имале и патни исправи и лични карти од Белгија кои биле на туѓо име.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, поранешниот „крал на криптовалутите“ е во центарот на скандалот околу наводното финансирање на Движењето Европа сега (ПЕС) и неговиот лидер Милојко Спајиќ, кој освои најмногу мандати на парламентарните избори на 11 јуни.

Share This Article