More

    Курти тврди дека се врши притисок пред претстојните избори на Косово

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека Србија распоредила противвоздушни системи во близина на административната линија со Косово, предупредувајќи дека истовремено во Рашка „се одвива паравоена реорганизација на (поранешниот потпретседател на Српска листа) Милан Радоичиќ“.

    Во свој статус на Фејсбук од неделата Курти ги обвини властите на Србија дека сето тоа се прави „со нивни упатства и поддршка“. Тој предупреди дека Радоичиќ „бил пуштен по еден ден за да ги продолжи своите паравоени и терористички активности“.

    Косовскиот премиер напиша дека Радоичиќ на 10 ноември се сретнал со четириесетина српски политичари, од кои, според него, е побарана мобилизација за гласање за Српската напредна партија (СНС).

    „Постоеше барање за мобилизација за гласање за партијата-држава во Србија, СНС, на изборите на 17 декември. Кај нив се условувани оние кои се на платен список, додека на останатите им е понудена работа на три и шест месеци“, тврди косовскиот премиер.

    Кажа и дека по „терористичкиот напад“ на северот на Косово на 24 септември, Милан Радоичиќ „во рок од еден ден е пуштен да ги продолжи своите паравоени и терористички активности во служба на државната политика на Србија кон Косово“.

    „Ни по меѓународниот притисок Србија сè уште не ги повлекла сите трупи и артилеријата од околината на територијата на Косово. Земјата продолжува да ја загрозува безбедноста на Република Косово со истурени оперативни бази на Оружените сили на Србија долж границата. Србија дури распоредила противвоздушни системи во близина на границата со Косово“, напиша Курти.

    Според него, „сè повеќе се забележува опасноста од Русија и Србија за регионалната безбедност, мирот и сигурноста“.

    „Русија има цел да запали кризен оган во дворот на ЕУ, да го дефокусира НАТО, додека Србија ги исполнува своите територијални амбиции кон соседите според проектот „Српски свет“ на (српскиот претседател Александар) Вучиќ и (доскорешниот претседател на српската безбедносна агенција Александар) Вулин“, напиша Курти на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img