More

    Курти се огласи од Преспа форумот

    spot_img

    Сите поранешни југословенски република прогласија независност и тоа беше независност од Белград. Сега ни треба Србија да прогласи независност од Косово, од Северна Македонија, од Хрватска, од Словенија, од Црна Гора затоа што Србија де јуре ја признава нивната независност, но тоа не го прави де факто. Сега сме во проблематично време, изјави премиерот на Косово, Албин Курти, во своето обраќање на „Преспа форумот“ кој се одржува во Струга.

    Истовремено, Курти добил писмо во кое од него се бара да ги деескалира тензиите на северот на Косово. Писмото е од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    Писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, до Курти објавено во средата, но без детални барања, пренесуваат косовски медиуми.

    Владата во Приштина уште не испратила известување за добиеното писмо или за неговата содржина.

    Според „Газета“, писмото на Борел содржело конкретни барања до Курти – да повлече двајца градоначалници на северот од општинските канцеларии, да ја повлече полицијата од општините и да распише предвремени избори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img