More

    Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб

    spot_img

    Хрватското Министерство за здравство привремено ја забрани програмата за трансплантација на бубрези меѓу живи и несродни лица во Клиничкиот болнички центар во Загреб, поради сомневања за случаи на трговија со органи во 2019 година.

    Хрватската радио-телевизија (ХРТ) објави дека случаите на трговија со органи се поврзани со донори на бубрези од Србија и од Косово, и двајцата биле лица со понизок социјален статус, а донирале за приматели пациенти од Хрватска.

    Предметот за кој е покрената истрага прво е предаден на Хрватската лекарска комора поради прекршување на Кодексот за лекарска етика, а потоа и на Државното правобранителство, се вели во соопштението на Министерството.

    Клиничкиот центар Загреб како одговор на обвинувањата соопшти дека сите трансплантации во институцијата се извршени со одобрение на Етичкиот комитет на установата.

    „Сите преземени активности и процедури се идентични со процедурите што се спроведуваат во сите други центри за трансплантација во Република Хрватска каде што се извршени трансплантации на бубрези од жив несроден дарител“, се вели во соопштението што го пренесе телевизијата Н1.

    Во Хрватска е дозволена трансплантација на органи од живи несродни донатори, со тоа што строгите контроли подразбираат специфично, психолошко тестирање на донорот, а потоа е потребна и соодветна документација односно одобренија од стручниот тим на центарот за трансплантација и од Етичкиот комитет на здравствената установа каде се врши трансплантацијата, објави ХРТ.

    Самото објавување оглас за достапност или за потреба од органи во Хрватска се смета за кривично дело за кое е предвидена и затворска казна во времетраење до три години.

    – Законодавецот предвидува казна затвор до десет години за трансплантацијата на органи со поседување или посредување, доколку се утврди дека лицето било жртва на трговија со луѓе – изјави за ХРТ адвокатката Невена Аљиновиќ од Катедрата за форензички науки на Универзитетот во Сплит.

    Со повеќе од сто трансплантации на бубрези годишно Хрватска е меѓу водечките земји во светот, потсетува ХРТ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img