More

    Кумот на Путин го нападна Западот: Не е прв пат да не нарекуваат варвари, сакаат да не уништат

    spot_img

    Виктор Медведчук, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, го нападна Западот велејќи дека сака да ја уништи Русија.

    Кумот на Путин тврди дека планот на Западот е уништување на руската цивилизација за да се елиминира опасниот конкурент, пренесува РИА Новости.

    „Стратешките граници на Русија, како и секоја голема светска сила, се многу подалеку од нејзината територија. И тие не се засноваат на воена сила и желба за прекројување на политичката карта, туку на принципите на еднаквост, взаемна корист и партнерство“, вели овој проруски политичар.

    „Не е првпат Русија да биде прогласена за варварска земја со цел да се организира крстоносна војна против неа“, тврди тој, наведувајќи дека „Русија се крева против тие крстоносци“.

    Медведчук понатаму истакнува дека „Русија отсекогаш победувала бидејќи нејзината цел е правдата“.

    „Денес правдата лежи во уривањето на диктатот на колективниот Запад, за кој веќе се создадени економски и политички услови во светот. И колку повеќе Западот се вклучува во војната, толку повеќе ќе загуби“, тврди Медведчук, кој е убеден дека колку помалку Украинци ја поддржуваат оваа војна, толку подобро ќе биде за нив.

    Украинскиот олигарх Медведчук е во кумски односи со Путин. Тие се сретнаа за прв пат во 2003 година, кога Медведчук беше шеф на украинската претседателска администрација. Во 2004 година, Путин стана кум на најмладата ќерка на Медведчук, Дарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img