Крлеж ѝ пренел смртоносна треска, пациентка од Штип починала

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека на27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

– Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје – истакна Мемети.

Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).

Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се негаивни.

Share This Article