More

    Кривично дело претставува учеството во туѓи војски

    spot_img

    Амбасадата на Украина во Скопје, викендов објави пост на Фејсбук во кој беше споделен линк со детални информации за граѓаните на Република Македонија, кои би сакале да се приклучат на Легијата на странци во Украина и да се вклучат во борбата со руските сили.

    Слични објави на украинските дипломатски претставништва се споделени во поголем број на земји во светот, од каде веќе се пристигнати илјадници доброволци, но за разлика од другите земји во Македонија на граѓаните им е строго забрането да учевствуваат во воените дејствија на туѓи војски и да војуваат во други земји.

    Според член 322-а од Кривичниот законик на Република Македонија, предвидена е казна затвор до пет години, за учество или обука во странска војска, полиција, во паравоени или во воени формации за нашите граѓани.

    Со истиот закон се забранува и преку медиумите или социјалните мрежи, врбување или потикнување на нашите граѓани да учествуваат во странски војски, за што е определена казна до четири години затвор.

    Според наши информации, во конфликтот што во моментов се одвива во Украина, нема ниту еден македонски државјанин на двете страни. Нашите извори коментираат дека тоа се должи токму на законот, донесен во екот на граѓанската криза во Сирија, кога десетици наши граѓани се бореа на страната на Исламската држава, како и во редовите на други џихадистички организации.

    Во меѓувреме испративме прашање до Владата на Репблука Македонија, дали ќе биде преземено нешто околу повикот на Украинската амбасада во Скопје, но оттаму сè уште не добивме одговор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img