Кремљ утринава објави дека „реториката на западните лидери за потенцијална употреба на нуклеарно оружје е штетна и провокативна“.
„Секој ден го изразуваме нашето жалење што лидерите на западните земји секојдневно се впуштаат во нуклеарна реторика“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека таквата практика е „провокативна“.
Песков додаде дека ниту една страна не се обидела да разговара за можна средба со американскиот претседател Џо Бајден, како што тврдеа некои дипломати од САД во последните денови.
Песков, исто така, рече дека се надева оти Г7 ќе го повика режимот во Киев одговорен за злосторствата што ги направил. Тој додаде дека нема нов бран на регрутирање на мажи, откако некои регионални функционери објавија дека ги засилуваат напорите за мобилизација.