Помошникот на рускиот претседател во делот на надворешните работи, Јуриј Ушаков, изјави денеска дека официјална Москва не отфрла директен контакт меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски.
– Никој не ја отфрла таа можност, но мора да се исполнат одредени услови и што е најважно, мора да има многу детална подготовка. Никој нема да се сретне со Зеленски без причина – рече Ушаков, пренесен од Тасс.
Ушаков додаде дека рускиот претседател засега не планира средба со американскиот колeга, претседателот Џо Бајден.
– Колку што знам таква средба се уште не е планирана – додаде тој.
Во однос на руско-украинските преговори, Ушаков вели дека нема напредок откако Москва го претстави својот нацрт-договор, истакнувајќи дека „сè е запрено“.
Тој потсети на последната тет-а-тет средба меѓу руските и украинските делегати во Истанбул, во април.
– Нашиот ажуриран нацрт беше претставен на 15 април. Во овој момент тоа е последниот нацрт, бидејќи после тоа немаше никаква реакција. После тоа, можеби имало некои неформални телефонски контакти, не на ниво на делегации, туку на индивидуално ниво – рече претставникот на Кремљ