More

    Кремљ и Гаспром наведоа различни причини за намалување на испораките на гас во Европа

    spot_img

    Според Гардијан, официјален Кремљ и Гаспром дале сосема различни причини за тоа што гасот речиси една недела не минува низ гасоводот Северен тек 1 кон Европа.

    Вчера, Дмитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин, на новинарите им изјави дека „санкциите наметнати на нашата земја од западните земји, вклучително и Германија и Обединетото Кралство“ се виновни за прекинот на испораката на гас преку гасоводот Северен тек.

    Песков: Нема други проблеми освен санкции
    „Нема други причини кои би предизвикале проблеми со испораката на гас“, рече Песков, а пренесува руската прорежимска агенција Интерфакс.

    Меѓутоа, истиот ден, заменик-шефот на управата на рускиот Газпром, Виталиј Маркелов, даде сосема друга причина – проблеми со одржувањето. Тој рече дека гасот нема да тече низ Северен тек 1 додека германската компанија Сименс енерџи не ја поправи опремата.

    Гаспром: Сименс мора да ја поправа опремата
    „Прашајте го Сименс. Тие прво мора да ја поправат опремата“, рече Маркелов на маргините на Економскиот форум во руското пацифичко пристаниште Владивосток, одговарајќи на прашањето кога гасот повторно ќе почне да тече низ Северен тек 1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img