Ковачевски за да ги покрива економските катастрофални состојби е подготвен да земе кредит кој е условен со затворање на РЕК Битола и Осломеј.Тој многу добро ги знае овие работи, но ја замајува јавноста и не ја говори вистината, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека оваа клаузула ја содржи договорот за кредитот.
„Во предлог законот кој се однесува на ликвидноста на ЕЛЕМ (ЕСМ) стои дека услов за добивање на средствата е да се затвори Осломеј до 2023, а РЕК Битола до 2027 година. Тоа значи дека со ваквиот потег власта може да остави без егзистенција 4.000 семејства, а дополнително уште 40 илјади други работни места индиректно поврзани со овие два клучни енергетски капаците може да бидат загрозени“, се вели во реакцијата.
Спооред партијата, ваков кредит од 100 милиони евра може да предизвика губење на енергетскиот суверенитет на Македонија, бидејќи освен затворањето на двата суштински енергетски капацитети се предвидува интегрирање на македонскиот енергетски пазар со грчкиот и бугарскиот.
„За гола власт Ковачевски и СДС ја раскрчмуваат Македонија. Економијата веќе е на работ на пропаста. Македонија според Светска Банка има најниска прогноза за раст на БДП во 2022 година, а единствено полоши од нас ќе завршат Украина и Русија кои се директно во војна. Речиси 12.000 компании се затворени за година и пол, а уште на толку им се заканува клуч на врата во наредниот период. Згора на се, Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа со 18,7%. Оваа стапка на инфлација е двојно повисока од европскиот процес, што покажува дека инфлацијата во Македонија не е увезена, туку е производ на неспособноста на оваа влада предводена од Ковачевски“, се навведува во реакцијата.