„Симпсонови“ е една од најуспешните американски анимирани серии, која се прикажува на телевизија повеќе од 30 години. Го сакаат и децата и возрасните, а ликовите од овој цртан филм одамна станаа икони на популарната култура. Повеќето луѓе ги познаваат Хомер, Барт, Марџ и Лиза Симпсон, а една од работите што ги прави толку препознатливи е нивната жолта боја на кожата.
Зошто авторите на оваа анимирана серија ја избраа токму жолтата боја? Мет Гронинг, креаторот на „Симпсонови“, еднаш ја откри причината во интервју за „Би-би-си“.
„Аниматорката дојде на идеја да ги направи ликовите жолти и штом ми покажа како ги обоила, јас реков: „Тоа е тоа““, рекол Гронинг и додал: „Кога менувате канали со далечинскиот управувач и на блицот забележувате блесок на жолта боја, веднаш ќе знаете дека се емитуваат Симпсонови.“
Во меѓувреме, и во други популарни цртани филмови се појавуваа жолти ликови, со оглед на фактот дека оваа боја навистина привлекува внимание. Најпознат пример за овој феномен е дефинитивно Сунѓерот Боб (Sponge Bob), уште еден препознатлив анимиран лик и главен јунак на истоимениот цртан филм, пишува City Magazine.
Треба да се каже дека жолтата боја е популарен избор за креаторите на анимирани филмови и серии за изгледот на нивните ликови и поради други причини, покрај успехот на Симпсонови. Имено, жолтата боја е највидливата боја во комплетниот визуелен спектар на бои. Тоа е исто така комплементарна со сината боја, која е една од најчестите позадини во цртаните филмови, бидејќи небото и водата се прикажани во сино. Жолтата е и топла боја, која асоцира на радост и оптимизам, поради што е вистинскиот избор за главните јуанци во цртаните филмови.