Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, велат извори од Брисел за МИА.

Посочуваат дека треба да се усвојат уставните измени и дека нема да има нови одложувања за да може државата да продолжи напред со процесот.

Заклучоците на Советот на ЕУ, велат дека не можат да се изменат и во тој контекст се што ќе се изнајде како решение ќе мора да се усогласи со она што е легално усвоено.

Истите извори посочуваат дека новата еврокомесарка за проширување и соседска политика Марта Кос напорно ќе работи во пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

Во ЕУ впечатокот е дека треба да се искористи моментумот за земјите од регионот создаден со новите геополитички околности.

Во однос на уставните измени со одложено дејство, изворите од ЕУ велат дека тоа не е опција бидејќи не е во согласност со заклучоците на Советот. Но, нагласуваат дека може да се најдат и други начини за да се испрати сигнал дека земјава нема да биде оставена назад, бидејќи, како што посочуваат, тоа е неприфатливо.

Изворите од ЕУ потсетуваат дека процесот на пристапување се заснова на заслуги и оти земјава треба да продолжи со реформите, а фокусот да се стави на владеење на правото и реформите во правосудството.

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера во изјава за медиуми по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, изјави дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа која може да даде одговор на тоа прашање.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article