Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка
станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија
во наредниот период.
Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за
да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски
национални тимови под капата на кошаркарската федерација.
-Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да
поттикне покрај спортски успех и националната гордост на нашата држава.
Тоа да бидат успеси на многу деца, кои што ќе се определат за овој спорт, со
одговорност и дисциплина, на нови генерации кошаркари и кошаркарки, на сите
нас кои што заеднички ќе изградиме уште подобри услови за спортот во земјава.
Ние и нашите партнери од федерацијата сме сигурни и убедени дека во иднина
нашите кошаркари и кошаркарки ќе дадат се од себе за да ја вивнат и вратат
македонската кошарка во нови височини и одново да покажеме дека припаѓаме
меѓу најдобрите во Европа.
Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на оваа
соработка, но најважно за нас е дека повторно ја потврдуваме нашата вредност,
одговорност и квалитетот кој што го имаме и го градиме речиси 30 години како
компанија – истакна генералниот менаџер на Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска.
− Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и
партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот како на
спортот така и во многу други и голем број на организации, активности и
настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, вредностите и
напредокот. Веруваме дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и
среќа за сите нас – истакнапретседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
Општествената одговорност како еден од императивите на работењето на
Кожувчанка и Кошаркарската Федерација на Северна Македонија има за цел да
ја потврди посветеноста на двете институции и оваа соработка во создавањето
на една убава приказна со мотив и желба за нови победи.