More

    Ковачевски: Поради една блокада ЕУ не ги исполнува ветувањата

    spot_img

    Имаме направено многу одрекувања, сме донеле тешки одлуки за зачленување во ЕУ и во НАТО, за подобра иднина на граѓаните. Поради една блокада, Европската Унија не ги исполнува ветувањата, иако има широка поддршка од земјите членки, за што сум навистина благодарен јас и граѓаните на државата, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски во воведното обраќање на Преспа форумот за дијалог што се одржува во Охрид.

    Тој порача дека земјава продолжува да работи на европеизација на севкупниот систем во државата, европските демократски и општествени вредности да ги имплементира дома, зашто, како што рече, ние сме дел од европското семејство и ги делиме истите вредности.
    – Не би сакал да се навраќам на минатото, бидејќи загубено е драгоцено време, особено кога станува збор за евро-интегративниот процес на Северна Македонија. Обично дискусиите на Балканот најчесто се водат за минатото и историјата и постојат политичари кои уживаат да зборуваат за теми од минато и историја особено од соседството, а тоа се и најлесни теми за зборување, бидејќи кога им зборувате на граѓаните за историја, тогаш всушност ништо и не им ветувате. Најтешко е да им зборувате на граѓаните за економијата, бидејќи тогаш се ветува и тогаш граѓаните имаат очекувања за подобар животен стандард. Ќе зборувам за сегашноста и за плановите за иднината за сѐ она што ние како земја, во соработка со земјите од регионот и нашите стратешки партнери го реализираме со една единствена цел, економски развој и подобар стандард за граѓаните – рече Ковачевски.

    Премиерот објасни дека за нас, ЕУ интеграцијата е прашање на прифатени највисоки западно-демократски вредности и посветеност за исполнување европски стандарди на работење во сите сфери на општеството и во сите институции.

    – Преговори, сè уште не сме почнале, и тоа секако се должи на предизвиците кои го попречија нашиот европски и интегративен пат. Но, еве нѐ денес, сè уште на истиот тој пат, бидејќи членството во ЕУ, за нас, нема алтернатива – рече Ковачевски.

    Премиерот Ковачевски со воведно обраќање ја отвори сесијата на тема „65 години после Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“ во рамки на Преспа Форумот за дијалог.

    Во фокусот на неговото обраќање беа три клучни аспекти и тоа усогласувањето на националното законодавство со законодавството на Унијата, Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ и економскиот бенефит, како и интеграцијата на регионот во ЕУ и Единствениот пазар на Унијата.

    На сесијата учествуваа и премиерите на Србија Ана Брнабиќ и на Косово Албин Курти, Мајлинда Брегу генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img