More

    Ковачевски: Нашиот пат е трасиран, и нема враќање назад

    spot_img

    Нашиот пат е трасиран, и нема враќање назад, потенцира премиерот Димитар Ковачевски во интервју за неделникот „Фокус”.

    – Она што е важно за да го продолжиме европскиот пат е завршувањето на процесот на уставните измени. Тие се дел од преговарачката рамка со ЕУ, тоа е единствениот предуслов за државата да продолжи напред. Секое одложување е погубно за државата, значи неизвесност на преговорите и на нашето полноправно членство. И затоа е ова најважното прашање во овој момент за македонските граѓани и за иднината на нашата држава. Затоа што директно се однесува на перспективите на граѓаните – порачува претседателот на Владата,

    Ковачевски посочи на досегашните придобивки за граѓаните од интеграциските политики на оваа Влада, наспроти изолациските политики на претходната.

    – Се виде во 10-годишниот режим, што значи да сме изолирана држава, кога, сѐ, не само што стоеше во место, туку одеше назад. А, гледате денес, каков историски раст има на минималната плата, на просечната плата, на пензиите, на странските директни инвестиции, на капиталните инвестиции. Сето тоа се должи на постигнувањата изминативе пет ипол години и интеграциите, прво со членството во НАТО, а од минатата година и со започнатите преговори ЕУ – вели Ковачевски.

    Претседателот на Владата, Ковачевски, ја потенцира неповторливоста на шансата што ја има Македонија, за конечно да ја реализира европската стратешка цел

    – Се наоѓаме во неповторлив контекст за пробив во европските интеграции и конечно остварување и на втората наша стратешка цел, во услови кога и ние сме ѝ потребни на Унијата, а не само таа нам, заради потребата да се осигура стабилноста на европскиот континент. Се покажавме како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот и со успешното претседавање со ОБСЕ и со членството и придонесот во НАТО. Затоа сега, партнерите од САД и од ЕУ, очекуваат од нас мудар потег во овој важен глобален контекст. Да потсетам, стигнаа и директни пораки дека со кочничари на демократскиот, европски развој на Македонија, нема да се соработува- изјави премиерот.

    Тој е убеден дека уставни измени ќе има, нагласувајќи дека тоа е интерес на граѓаните

    – Затоа, уставни измени ќе има, затоа што тоа е интерес на граѓаните и на Македонија. Ние секогаш играме со отворени карти и со нас граѓаните знаат на што се. Изворот на драмите што ги гледаме изминатиов период е во редовите на опозицијата, којашто во својата дезориентација не знае каде тера, се скара со сите дома, со целиот демократски свет. Македонија ќе продолжи напред. Но со штетниот квазинационализам оваа партија ќе биде изолирана, на долг рок, додека не соберат сила внатре, да се реформираат – истакнува Ковачевски.

    По прашањето за техничката влада, Ковачевски истакнува дека таа не е „поволна состојба“ за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нивните кадри во техничките влади се покажале „лоши и неефикасни“

    – Прашањето дали ВМРО ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада го гледам од два-три аспекти. Прво, се работи за законско решение кое треба сите партии да го испочитуваат. Второ партијата којашто зборува само за избори сега не треба да бара изговори, да не бара алиби од било каков тип. Трето неодговорно е да фрлаат дамка на целиот изборен процес, односно, не треба да си бараат изговори за поразот. Нив очигледно им е јасно дека не можат да го остварат тоа што го зборуваат по телевизии -вели Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img