Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус имаше куса средби со американскиот претседател Џо Бајден.
„Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот“, напиша Ковачевски на фејсбук.
Тој претходно се сретна и со британскиот премиер Риши Сунак, со премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Луксембург Ксавиер Бетел, на Бугарија Николај Денков, како и со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.
„Одлична прилика за повеќе куси неформални средби и разговори со европски и регионални лидери и мои драги колеги на #VilniusSummit на НАТО, премиерите на Обединетото Кралство, Сунак, на Словенија, Голоб, на Луксембург, Бетел и на Бугарија, Денков, како и претседателот на Црна Гора, Милатовиќ“, објави Ковачевски.