Ковачевски го нуди потешкиот пат до ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ВМРО-ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме во место, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица на отворањето промотивен штаб на СДСМ.

-Гледам дека кога ќе почнам да зборувам за ЕУ, некои луѓе негодуваат.  Верувајте ми, јас ги почувствував  неправдите од различни претставници на ЕУ повеќе од сите овде и знам како се чувствувате. Човек во тешки моменти помислува и на откажување. Но, што тогаш? Кој е следниот чекор? Која е алтернативата? Можеме да одложиме, можеме да се сокриеме, да чекаме во темница уште 11 години како во времето на Груевски и да загубиме многу. Токму ова го предлага ДПМНЕ. Да чекаме во место, да не правиме ништо, да се откажеме од нашата иднина – рече Ковачевски.

Според него, тоа личи навидум лесно, ама на крајот цената ќе ја платиме прескапо. Ние, сегашните но најмногу идните генерации.

-Идните генерации, нашите деца не само што ќе жалат, туку и ќе ни се лутат што сме дозволиле да загубат години, да немаат светла иднина –  додаде Ковачевски.

Тој додаде дека постои и друг начин кој не е лесен, но е пореален и дава вистинска надеж за суштински промени. Од него СДСМ нема да се откаже.

-Знам дека знаете, единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ.  Ова е единствената можна светла македонска иднина. Европската. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор. Затоа, ве гледам сите вечерва и ви велам, нема откажување, одиме до крај, до победа, за Европска Македонија – рече лидерот на СДСМ вечерва во Струмица.

Share This Article