Ковачевски е разочаран од дуќанџиите кои ноќе продаваат леб по 50 денари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Компаниите кои не сакаат да произведуваат леб по цена од 33 денари ги добија најголемите износи на субвенции за струја кои владата им ја обезбеди за 80 евра за киловатчас кога на берзите цената беше 500 евра за мегаватчас, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој рече дека овие компании требаше да го испочитуваат „џентлменскиот договор“ со владата и сега да не се  правдаат дека ќе имаат загуба со замрзнатата цена на лебот. Владата, рече тој,  нема да дозволи никој да прави екстра профит на грбот на граѓаните.

– Ние на последната прес-конференција ги објавивме пресметките за производната цена на лебот во овие компании. и тие можат да бидат пониски од замрзнатата. Нејасно е како на малите пекарници им се исплати да произведуваат леб по цена од 33 денари, а на големите компании тоа не им се исплата. Според законитоста на обем на производство големите компании можат да произведуваат и леб по многу пониска цена од замрзнатата, но не го прават тоа – рече Ковачевски.

Тој појасни дека сите мерки кои ќе ги преземе во однос на замрзнатата цена на лебот ќе бидат законски. Моментално се вршат инспекции и се изрекуваат казни за тие кои не го почитуваат законот.

– Владата ќе ги искористи Законот за трговски друштва, Законот за заштита на потрошувачите и Законот за заштита од конкуренција за да ги преземе новите мерки кон компаниите и да ги казни. Инспекторите кои се на терен и компаниите ги знаат казните кои следуваат за непочитување на законите.

Премиерот веќе е информира дека ноќе во Скопје се продава леб за цена од 50 денари.

-Морам да кажам дека сум разочаран од компаниите кои дење не испорачуваат леб, а ноќе произведуваат и го продаваат по 50 денари и ја користат кризата да профитираат– рече Ковачевски.

Тој им се заблагодари на компаниите кои беа коректни во однос на договорот меѓу владата и компаниите за субвенционирана струја и намалени цени на производите и најави дека владата може да замрзне цени и на други основни прехранбни производи.

– Во Министерството за економија се прават анализи и за другите прехранбени производи, па е можно да бидат замрзнати и други цени. Сега нема да соопштам детали, но ќе го направиме тоа откако ќе ги видиме анализите-рече премиерот.

- Advertisement -
Ad image

Компаниите и инспекциите ги знаат кои се казните за секој прекршок.

Обврска на секој е да ги почитува законите.

Share This Article