Ковачевски: Денеска по средбата со владината коалиција ќе го објавиме предлогот од француското претседателство

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб страница по средбата со владината коалиција, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Воедно премиерот Ковачевски за денеска најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.

„Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денеска во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со владината коалиција, ќе се одржат консултации и разговори со експертската и стручната јавност како и со медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.

Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашање не одат никому во прилог.

Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани”, се наведува во статусот на фејсбук профилот на премиерот Ковачевски.

Share This Article