Коста К., напаѓачот кој го изврши масакрот во училиштето во Врачар, мислел дека е подобар од сите, се однесувал нарцисоидно и како да има 20, а не 13 години, смета д-р Љубиша Блажиќ, специјалистот по судска медицина, пишува Информер.
– Се однесувал и размислувал како дваесетгодишник. Барал внимание од околината, родителите, пријателите, а кога видел дека не реагираат на него онака како што тој би сакал, во тој момент почнал да кова план и да ‘става маска’ – вели специјалистот.
Според Блажиќ мајката е важна за истрагата, но вината за масакрот не е кај неа.
– Точно е дека мајката можела да реагира доколку забележала дека нешто не е во ред, што би го видела доколку максимално се фокусирала на момчето. Меѓутоа, промените кај децата на таа возраст се чести и логично е тоа да се припише на пубертетот. Никој не го познава вашето дете подобро од вас, а да бил фокусот на него, можно е многу работи да испаднеа поинаку – вели специјалистот.
Според Блажиќ Коста К. бил убеден дека е различен од сите, но во смисла дека е подобар од нив. Тој вели дека сè било во главата на Коста. А откако испланирал сè, тој почнал да се однесува нормално кон родителите и кон пријателите.
– Тоа го направил, најверојатно, затоа што не сакал да се истражи неговото однесување и да му се уништи планот. Она што е видливо во неговото однесување е дека тој бил особено нарцисоиден. Тоа порано се гледало во неговиот однос кон другарите во училиштето. Бил убеден дека е различен од сите, но во смисла дека е подобар. Коста бил неговиот најголем проблем. Запоставувањето од страна на родителите во овој случај не може да се сфати како буквално, бидејќи пред сè било во главата на момчето – рече вештакот.