Напаѓачот Коста К. кој уби деветмина соученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград би можел да биде пуштен да оди дома ако по вештачењето се утврди дека тој нема ментално нарушување, тврди за српските медиуми познатиот адвокат и пратеник во српското собрание, Тома Фила.
– На осомниченото момче му е извршено вештачење. Ќе биде детално и доколку лекарскиот тим утврди дека се работи за ментално болно лице, остатокот од животот ќе го помине во институција. Од друга страна, доколку се утврди дека нема нарушувања, ќе си оди дома – вели Фила.
Тој се осврна и на судбината која ги чека родителите на осомниченото момче.
– Не знам многу факти за неговиот татко за да го предвидам исходот. Сè зависи од обвинителството и за што ќе биде обвинет и како тоа да го докаже. Што се однесува до мајката, не гледам каков е резултатот од орган за старателство ќе биде. Дали имало злоупотреба на деца – додава адвокатот.
Во јавноста сè уште се шушка за невидениот криминал, а претходниот викенд се појави вест дека на интернет платформа за продажба на сувенири маици со ликот на момче-убиец (13) кој е осомничен дека на 3 мај убил 10 лица, девет ученици и еден училишен чувар.