Косовски медиуми: Владата го прогласи 11 јули за „Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата на Косово го усвои предлогот 11 јули да се прогласи за „Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“, пренесува Коха.нет.

Како што пренесува косовскиот Коха.нет, денешната седница на Владата започна со едноминутно молчење во почит на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Премиерот Албин Курти изјави дека прогласувањето на 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница е благородна и соодветна акција во име на Косово.

„Оваа година ја прославивме 25-годишнината од ослободувањето. Се сеќаваме на извршените масакри, се сеќаваме на жртвите од војните од 90-тите. Се сеќаваме на 8.372 мажи и момчиња од Сребреница кои беа убиени од српските сили во најголемиот масакр во Европа од Втората светска војна“, рече тој.

Share This Article